ПСИХЕСКОП vol.6 -„Ние и светот околу нас: Психологијата и интерперсоналните релации“

Здружението на студенти по психологија – Психеско, го организира едукативниот настан „Ние и светот околу нас: Психологијата и интерперсоналните релации“, кој ќе се одржи на 28 и 29 февруари. Шестото издание организирано од здружението на студенти ќе биде на Филозофскиот факултет во Скопје, а настанот е бесплатен и од отворен карактер.

За учество, регистрирајте се тука.

Првиот ден од едукативната програма нуди предавања за димензиите на интерперсоналните односи, односот родители – деца и говор на тело, а вториот ден ќе се анализираат пријателските и токсичните односи, интерперсоналните односи во организациската структура, ефективниот говор и разрешувањето на конфликти.

Шестото издание на едукативниот настан ќе се заокружи со хуманитарна забава во „Ракија бар Калдрма“.