„Психескоп vol. 2 – Психотерапија и психотерапевтски правци“ на Филозофскиот факултет

Сите студенти кои својата професионална ориентација сакаат да ја насочат кон психологијата и љубителите на психологијата кои сакаат да дознаат нешто повеќе за психотерапијата, се поканети на второто издание на студентско-едукативно научната дружба Психескоп.

Од Психеско – првото македонско здружение на студенти по психологија, покануваат сите заинтересирани да дојдат на дружбата за заедно да ги кршат митовите за психотерапијата и одблизу да погледнат во неа.

Влезот е бесплатен, а агендата за предавањата кои ќе се случуваат во петок (30.10) и сабота (01.11) може да се најде на Facebook настанот.