Психе – Во каква врска си со стресот? 8.12.2015

Падна на испит и се скара со “љубовта на твојот живот”?
Те бркаше куче додека брзаше да си го фатиш автобусот?
Шефот те натрупа со работа и ти го откажаа летот за твојата дестинација од соништата?

Од скршен нокт до раскинување, стресните ситуации се дел од нашето секојдневие. Живот без стрес не може да постои, но со вистинските техники и со работа на себе може да се намалат ефектите од истиот.

Во оваа емисија, заедно со нашиот гостин М-р. Илија Дојчиновски, здравствен психолог, зборуваме за тоа што претставува стресот, кои се неговите извори, карактеристики и ефекти, а најважно од сè, дискутираме за начини за справување со истиот.

За сите што се “малку како потресени”:

Psihe – Vo kakva vrska si so stresot? by Radio Mof on Mixcloud