Првпат по „Black Mirror“, Чарли Брукер со ново издание од „Wipe“ серијалот на „BBC“

Чарли Брокер ќе се врати на „BBC“ со првото издание на „Wipe“ по 2016 година.

Со наслов „Антивирусен вајп“ („Antiviral Wipe“), изданието ќе биде снимено од дома, а датумот на „трансмисија“ сè уште не е објавен.

„Ова е прва епизода на серијалот откако бил номиниран за „Бафта“, а во неа ќе гостуваат Дајен Морган (Philomena Cunk) и Ал Кемпбел (Berry Shitpeas) давајќи ги нивните темелни репортажи“, истакнале од „BBC“.

Во новото издание ќе бидат вклучени и други соработници, но тие не биле напоменати во соопштението бидејќи „тие сè уште не знаат дека ќе гостуваат, а немаат добар изговор за да одбијат“.

„BBC“ побара да дадам изјава за соопштението за медиуми, па ова што го читате е мојата изјава“, истакнал Брокер.

Тој се прославил со својата колумна „Screenburn“ во „Гуардиан“, која се објавувала од 2000 до 2010 година. Колумната прекинала да се објавува откако на Брокер му станало тешко да ја критикува индустријата во која станувал сè поголем „играч“.

Тој бил ко-автор на серијата „Nathan Barley“ (2005), а пoдоцна ги напишал петте серијали за „Black Mirror“, најпрво за „Channel 4“, a потоа и за „Netflix“.

„Чарли ќе го открие своето типично строго гледиште кон животот во самоизолација, во епизода која е снимана во самоизолација. Освен осврт кон генералната криза тој ќе произнесе и своја критика за работите кои луѓето ги гледаат и прават за да се занимаваат“, стоело во соопштението на „BBC“.

Извор: The Guardian