По првомајскиот протест во вторник ќе се одржат и „Првомајски културни средби“, отворен ден во Социјалниот центар „Дуња“, кој ќе започне од 15 часот.
Организаторите најавуваат штанд со бесплатна храна – „Храна да, војна не!“, изложба на плакати од Јана Јакимовска во соработка со Гласен текстилец, со наслов “Текст, силна, текстилна”, посветена на текстилните работнички и повеќе музички настапи.
Повеќе за активностите на нивниот фејсбук настан.