Првомајски излети: 200 евра казна за палење оган, 50 евра за оставање отпад

Во пресрет на првомајските празници надлежните потсетија на казните за палење оган и фрлање отпадоци за време на претстојниот празник, кој освен по протестите, познат е по навиките на граганите да одат на излети во природа.

Првомајски излети: 200 евра казна за палење оган, 50 евра за оставање отпад

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

Истовремемо од Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ најавија засилени контроли бна јавните површини и апелираа граѓаните да внимаваат при престојот на излетничките места како што се Водно, Сарај, езерото Треска и Матка.