Прво место за учениците од „Арсени Јовков“ за фотосторијата „Смртоносни прошетки во Скопје“

Ученици од средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ на Град Скопје го освоија првото место на натпреварот „Мисија Воздух“ во рамки на програмата „Млади репортери за заштита на животната срединa“ со нивната фотосторија „Смртоносни прошетки во Скопје / Shёtitjet vdekjeprurёse nё Shkup / Deadly walks in Skopje“.

Свесни за последиците од загадувањето на воздухот во Македонија кое е едно од најголемите во Европа и мотивирани да придонесат за позитивна промена, учениците креираа новинарски продукт и ги користеа социјалните медиуми за да се зголеми јавната свест за животната средина.

Фотосторијата е продукт на десетина ученици од различни етнички заедници кои членуваат во заедничката училишна секција „Social Hub”, кои инаку учат на различни наставни јазици. Победничката фотосторија ќе биде испратена и на интернационалниот конкурс од програмата „Млади репортери за животната средина“.

Извор: МЦГО