Прво место за Македонија на Светскиот форум на Мајкрософт

Македонија го освои првото место на глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт во Барселона. Проектот „Ова е мојот глас“ на двајца наставници од Македонија го освои првото место во конкуренција од над 1.100 учесници од 97 земји.

Прво место за Македонија на Светскиот форум на Мајкрософт

Со помош на примена на технологијата обработени се теми од секојдневниот живот, а она што го донесе првото место е предвремен брак. Учествувале ученици на возраст од 13-14 години од училишта во Прилепско, пренесе МИА.

– Им дадовме можност на учениците со помош на технологија да ги кажат проблемите од секојдневниот живот при што преовладуваа три теми предвремен брак, културно наследство и насилство во училиштата, рече Дарко Талески, еден од двајцата наградени наставници.

Проектот со кој е претставена Македонија на овој Светски образовен натпревар е избран на државно ниво каде беа пријавени 150 проекти, информира Влора Адеми менаџер на академски програми на Мајкрософт за Македонија.

– Мајкрософт со години преку свои програми за образование, блиску е поврзан со сите учесници во образовниот процес давајќи постојана помош во процесот на прифаќање и користење нови пристапи во образованието, пред се преку користење технологија со чија помош кај учесниците поефективно се развиваат ткн. вештини на 21. век, истакна Адеми на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека е сега е важно ова знаење и искуство на настанивиците да се примени на национално ниво, да се подигне нивото на работа на наставниците на целоата образовна заедница и со помош на владините институции да се започне оваа промена со која Македонија ќе биде препознаена како лидер во регионот.

Мајкрософт Македонија од своето основање во земјава има инвестирано околу половина милион американски долари во подобрување на образовниот процес.

– Мајкрософт помага во трансформција на образовниот процес, а особено во фокусот ни се младите каде невработеноста е голема и затоа се трудиме да донесеме технологија која ќе им помогне да ги реализираат своите потенцијали и да најдат работа и да почнат бизнис, истакна Стефан Плавјански, генерален директор на Мајкрософт за Македонија.

Посочи дека се спроведуваат повеќе програми и активности со нивна поддршка во образовниот процес.

На овој светски форум Македонија досега учествувала со проектите „Бабини игри“ и „топ мотион аниматион“ кои беа наградена на европските и светските натпревари на Мајкрософот во 2010, 2011 и 2012 година.

Целта на Форумот е споделување на најдобрите образовни пракци, размена на искуства и оддавање признание на најинвентивните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал.