Прво издание на Post global music festival

Во сабота од 20 часот во Социјалниот центар – Дуња ќе се одржи мини фестивалот Post Global Music Festival на издавачката етикета Post global recordings кој има за цел претставување на дел од локалните артисти кои ги издава.

За првото издание, присутните ќе имаат прилика да го чујат носечкиот проект post global trio, потоа Mnemonic45 и кураторот на етикетата Тони Димитров. Во понатамошните изданија е предвидено да бидат претставени и други артисти кои со својот концепт на работа, или изданија, гравитираат околу post global recordings.

Лејблот третира амбиентален звук, на локални и интернационални артисти, преку дигитални изданија од 2012 година, со 34 изданија зад себе досега. Се работи за потпроект и продолжение на истоимената емисија post global /conceptual program for new music/ која се емитува секоја среда на музичкото радио Канал 103, и презентира современ амбиентален/електронски/експериментален звук. Како нужна потреба од издаваштво во овој домен на локалната сцена и како соодветен издавачки oдговор на оваа емисија се конципира post global recordings, третирајќи артисти дефинирани под терминот „нова музика“.

Овој настан се организира по повод 18 години од започнувањето на оваа емисија и 5 години од основањето на етикетата.