Наредниот викенд, на 18 и 19 мај, во Градски парк ќе се одржува првото издание на фестивалот „Вкуси го Скопје“.
Овој дводневен настан ќе ги обедини локалните сендвичари и ресторани кои ќе се претстават со своите најдобри специјалитети.
„Кога ќе се спомне пролет во Скопје, помислуваме на зелените прекривки на Градскиот парк, свежината на високите дрвја и неповторливите дружби со пријателите. Токму таму, во срцето на Скопје, љубителите на добрата храна ќе имаат можност да бидат понесени од целосен гастрономски хедонизам“, велат организаторите.
Вкусот на Скопје” ќе има и едукативна страна – учесниците во програмата на дело ќе ги прикажат своите врвни кулинарски вештини и ќе приредат интересни демонстрации за готвење на нови рецепти и едукативни презентации за исхраната и здравјето.