Првите диџеи на Куба кои економската криза ја претвориле во „андерграунд“ техно и хаус движење

Во документарец на Vice, дел од серијалот SUB.Culture Cuba, е прикажано како група на пионерски електроакустични уметници експериментирале со комбинирање на модерната опрема и традиционалните музички правци, за да обликуваат нова ера на музика на изолираниот остров во 60-тите.

Вториот дел од документарецот ги раскажува личните приказни на помладата генерација на диџеи кои станале популарни во 90-тите, канализирајќи ја економската криза настаната од колапсот на Советскиот сојуз и ембаргото, во револуционерно „андерграунд“ движење на хаус и техно музика.

Инспирирани од слободата и хедонистичките вибрации на алтернативните музички стилови, како гранџ и рок, диџеите како D’joy de Cuba, Wichy de Vedado и DJ Jigue, од прва рака раскажуваат како хаусот и техното бавно но сигурно изникнале во Куба.