Првиот пратеник-Ром во историјата на Турција избран на парламентарните избори

Ромските здруженија во Европа го нарекоа вчерашниот ден „историски“ затоа што во Турција, на парламентарните избори, беше избран првиот пратеник-Ром во историјата на оваа земја.

Özcan Purçu стана првиот припадник на ромската заедница кој ќе седне во парламентарните клупи на Турција, откако беше избран како член на Народната републиканска партија (CHP) во егејскиот град Измир.

Турција е дом за околу пет милиони Роми, што претставува една од најголемите ромски заедници во Европа. Сепак, Ромите во оваа земја се пресмет на дискриминација во сите сфери на општеството и животот. Во неговата изборна кампања, Özcan вети дека ќе се бори против негативните стереотипи и против дискриминацијата во образованието, домувањето и вработувањето.

Во уште еден историски чекор, на изборите во Турција, кои се одржаа во неделата, избрaни се и двајца пратеници од етничката група Јазиди, Feleknas Uca и Ali Atalan, исто така за првпат во турската историја.