Конвојот што превезува хуманитарна помош почна да влегува во градот Доум, во Источна Гута, под контролен надзор, соопштија од Обединетите Нации.
Конвојот го сочинуваат 46 камиони кои пренесуваат медицинска помош и храна за 27 500 луѓе на кои им е потребна.
„Помошта конечно е на пат. Со толку многу страдања, се работи за трка со времето за да им се доближи до луѓето во Источна Гута”, напиша председателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер.
Хуманитарниот коридор е предвиден во рамките на секојдневната „хуманитарна пауза” од пет часа, која беше објавена од Русија, и стапува на сила од утре, за да се овозможи испраќање помош и излегување на цивили од овој дом, сместен близу Дамаск.
Вториот конвој треба да пристигне во четврток.
Источна Гута, во која живеат речиси 400 000 луѓе, со месеци е под парализирачка опсада и секојдневни бомбардирања.
Повеќе од 600 цивили се убиени во само две недели, пренесува Асошијетед Прес.
На терен, сириската влада контролира една третина од бунтовничките упоришта во Источна Гута, каде е во тек е копнена офанзива за да им се одземе последното упориште на бунтовниците на вратите од главниот град Дамаск, соопшти сириската опсерваторија за човекови права.