Првиот филм во виртуелна реалност прави гледачите да станат дел од руската мафија

Career Opportunities in Organized Crime е првиот филмски проект на режисерот Алекс Ошмијански, снимен во виртуелна реалност за да направи гледачите „да се приклучат на руската мафија“.

Приказната го следи снимањето на видео за регрутирање на нови членови во локалната руска мафија во Балтимор. Станува збор за документарец-пародија од перспективата на гангстерите кои бараат нови членови.

За гледачите да имаат чувство дека се таму со Вова, главниот регрутер на мафијата, Career Opportunities бил снимен со технологија за виртуелна реалност во 360 степени. Ова е првиот филм снимен со користење на исклучиво ваква технологија.

Дејството ги следи руските гангстери кои поминуваат низ лош период и се трудат да најдат нови извори на приход. Добиваат идеја да најмат компјутерски програмери кои преку хакирање на банковни сметки и дуплирање на Фејсбук профили би изнудиле пари од семејствата на измамените. Нивната „реклама“ за регрутирање детално ги покажува придонесите од приклучувањето на мафијата.

„Овде сум да ви раскажам за фантастична можност, можност која ќе ве направи побогати од тоа што можете да сонувате“, раскажува ликот во филмот.

За филмот кој трае 82 минути режисерот се самофинансирал, а во него не настапуваат познати актерски имиња. Но, се работи за паметна употреба на технологијата за виртуелна реалност, пишува Vice во интервју со режисерот.

Ошмијански вели дека сета заработка од филмот ќе биде донирана на стартап, непрофитна фармаколошка компанија која обезбедува евтини лекови на луѓето на кои тоа им е потребно.