Првиот Епл компјутер продаден за 815000 долари

Прототипот Епл 1, „Светиот грал на електронските артефакти“, се продаде на аукција за 815000 долари.

Коосновачите на Епл Стив Џобс и Стив Вознијак изградиле 200 компјутери според тој прототип во 1976 година. Моделот се продаде на аукција неделава. Компјутерски историчар смета дека е еден од првите, ако не и првиот компјутер на компанијата воопшто.

Епл 1 се очекуваше да се продаде за еден милион долари, но куќата за аукции Черитибаз потврдила дека не успеале да ја постигнат таа цена.

Најскапиот компјутер на Епл кој се продал досега е ретка функционална верзија на Епл 1, која се продаде за 905000 долари во Њујорк, во октомври 2014.

Десет проценти од цената на компјутерот ќе бидат донирни на Заедницата на болни од леукемија и лимфома, која се наоѓа во Њујорк. Купувачите на компјутерот, Глен и Шерон Делимор, велат дека сакаат да го носат компјутерот во училиштата и универзитетите за да ги инспирираат младите лица.

„Неверојатно е да се помисли дека ова е веројатно првиот Епл 1 компјутер, еднорогот или Светиот грал на компјутерите, оригиналниот и прв прототип“, вели Глен Делимор.