Првиот базен во воздух ќе се гради во Лондон

Базен долг 25 метри сместен помеѓу две згради со луксузни апартмани е во план да се гради во Лондон, во близина на поранешна централа, пишува The Guardian.

Ова претставува првиот ваков базен во светот, од кој корисниците ќе имаат поглед оддалечен 35 метри од површината, а ќе ги дели само 20 центиметри стакло.

Становниците кои ќе живеат во елитните згради, каде апартманите ќе чинат 602 000 фунти, ќе можат да пливаат во базенот, а потоа дополнително да уживаат во спа центрот, летниот бар и  градината.

Луѓето кои стојат позади овој проект велат дека базенот ќе биде целосно привиден и со едноставна структура. Базенот е дел од проект вреден 1,5 милијарди фунти кој треба да се реализира во југозападниот дел на Лондон, а се однесува на градење илјадници домови, претежно во луксузни населби.

Во рамки на оваа градба, ќе има и затворен базен за оние со слабо срце.