Првиот албум на The Protagonist достапен за бесплатно преземање

Долгоочекуваниот  албумот „No Exit Museum“, првенчето на бендот The Protagonist го виде светлото на денот и е достапен за бесплатно преземање на официјалниот сајт на бендот.

Покрај музичкиот подарок, достапен е и дигиталниот буклет во кој се сите текстови од песните и комплетното инфо за целиот процес на создавање на „No Exit Museum“. Албумот е напишан, продуциран и миксан од The Protagonist и мастериран од Сајмон Хејворт во Лондон. Хејворт е продуцент кој што работел со Ник Кејв, Мајк Олдфилд, Брајан Ино, Депеш Моуд, Симпл Мајндс и многу други. Двојката која што стои зад овој несекојдневен и прогресивен производ се всушност визионери со високи артистички стандарди. Р.С.Раш е магистар по уметност во комуникациски науки, а Кузман академски музичар кој од своите средношколски денови храбро експериментира со продикција и оригинално творештво.

 е достапен за бесплатно преземање

Материјалот на „No Exit Museum“ е еклектична целина поделена на два дела. Едниот се занимава со вселенски аспекти додека вториот е приземен и ги обработува социјалните моменти на нашата Планета. Текстовите се полни со експресија, напишани се и отпеани на англиски, а музиката е широка, специфична и комплетно оригинална. Звукот комбинира електроника и аналогна топлина во која се преплетуваат разнобојни гитарски линии и продорен но исполнет вокал. Сето тоа комплетира уникатен производ што ги надминува локалните и регионалните квалитетни стандарди.

„Ние најпрвин правиме музика која содржи универзални теми. Не користиме фолклор туку правиме нешто кое дирекнто има врска со времето во кое живееме и иднината отсекогаш не возбудувала. Така пристапот ни е сосема специфичен. Сите се добродојдени и ние нема да ги убедуваме, оние што ќе потрошат неколку часа самите ке се убедат…” вели Р.С.Раш.

Еден од најпрогресивните македонски состави веќе подготвува нов материјал чии први песни се најавени за есенва. „No Exit Museum“ е издаден за етикетата на Password Production