Првата Олимпијада за киборзи ќе се случи овој октомври

Олимпијадата за киборзи, или Cybathon, како што е наречена, ќе се случи во Цирих овој октомври. Нејзина цел е да го пресмета перформансот на најновиот развој во технологијата, која им помага на луѓето со попреченост да исполнат секојдневни задачи.

За разлика од регуларната Олимпијада, во која спортистите со „засилување“ се смета дека имаат неправедна предност пред другите, на Cybathlon, ваквите подобрувања се охрабруваат.

На пример, во трката со велосипеди, параплегичарите ќе се движат нанапред со електричен систем за стимулација кој ги движи нивните нозе преку стимулирање на мускулите. За натпреварувачите со вештачки раце, има натпревари во сечење леб и отворање на тегли.

Настанот го организира Шведскиот федерален институт за технологија во Цирих (ETH Zurich).

„Помалку е за силата и брзината, а повеќе за контролата на телото и уредот“, вели организаторот на настанот, Роберт Рејнер. Додава дека натпреварувачите нема да се нарекуваат спортисти, туку пилоти.

На Cybathlon се очекува да настапат 80 екипи и доколку има интерес меѓу луѓето, наредниот натпревар може да се одржи во Токио, истовремено со Летните олимписки игри во 2020 година.

Извор: The Next Web