Првата мозочна операција изведена на папагал

Ветеринари од Нов Зеланд ја изведоа првата операција на мозок на папагал од видот Какапо, кои се едни од најзагрозените видови во светот. Броејќи само 147 живи возрасни птици од овој вид, Какапо папагалите се најловените во оваа земја која пробува на секаков начин да ги спаси од исчезнување.

Успешната операција беше изведена на 56 дена старата женка Еспи-1Б која се родила со нарушувања на черепот кои биле опасни по животот на птицата. Адаптирајќи ги инструментите кои се користат за изведување на операции врз човековиот мозок, тим од ветеринари успеа да го спаси нејзиниот живот.

„Плочите од  мозокот на папагалот не беа целосно оформени и дел од мозокот беше изложен и лесно ранлив“, вели проф. Брет Гартрел, директор на боницата која ја изведе операцијата.

Зафатот е целосно успешен, велат докторите, со што животот на Еспи-1Б не е повеќе во опасност и таа може да се врати во нејзиниот дом меѓу останатите од нејзиниот вид.

Покрај неа, во светот постојат уште само 76 Какапо женки кои успеале да се размножат годинава што е и рекорден број на размножени единки од овој вид. Но, и покрај среќните вести за големата плодност, во изминатиот период се пријавени и голем број на смртни случаи на загрозените папагали.

„Било какви комликации од овој тип можат да бидат опасни по живот“, велат докторите кои го следеа задравувањето на Еспи.

„Не можеме да си дозволиме повеќе лесни смртни случаи кај загрозените видови“, објаснуваат тие.