Првата фотографија на која има човек направена во 1838 година

Оваа фотографија, која е се смета за најстара на која може да се види човечко лице, била направена во Париз, Франција, во 1838 година од страна на Луј Дагер. Човекот чиј идентитет не е познат (долу лево) стои на тротоар покрај патот, додека чевлар му ги чисти чизмите.

Времето на изложеност за фотографијата траело околу седум минути и иако улицата би требало да биде полна со пешаци и сообраќај, се чини празна. Тоа е така бидејќи сé што се движело брзо не било можно да се регистрира на плочата на старите фотоапарати.

Единствен исклучок е човекот кој се наоѓа на левата страна на дното од фотографијата, кој стоел во место доволно долго за да се појави на фотографијата. Личноста која му ги чисти чизмите исто така е видлива, иако нејасно.

Како и секој друг Дагеротип – првиот јавно објавен фотографски процес, именуван според Дагер – оваа фотографија била огледална слика. Ова е сликата која го покажува погледот онаков како што го гледал самиот фотограф.

Улицата е „Boulevard du Temple“, дел од модерна област составена од продавници, кафулиња и театри. Била нарекувана и „Boulevard du Crime“, поради големиот број на крими-мелодрами кои се изведувале во театрите. Подоцна изгубила голем број од своите знаменитости кога баронот Хаусман, под инструкциите на Наполеон III, го модернизирал и реновирал Париз, отстранувајќи ги стрмните, темни и опасни улици на овој средновековен град, и заменувајќи ги со паркови и отворени простори. Процесот започнал во 1853.

Иако човекот и детето кое му ги чисти чизмите се најпрепознатливите човечки фигури на фотографијата, детален преглед покажува дека на истата е можно да има и други луѓе.

Извор: Mashable