Прва жена главен уредник на весник во Саудиска Арабија

Саудискиот дневен весник „Сауди Газет“ ја именуваше за главен и одговорен уредник Сомаја Џабарти, со што стана првиот весник во земјата што на главното уредничко место поставил жена.

Прва жена главен уредник на весник во Саудиска Арабија

„Сауди Газет“ е дневен весник кој што излегува на англиски јазик. Како што изјавува досегашниот главен уредник на весникот Халед Алмаин, Џабарти работела со него речиси 13 години како одличен и посветен новинар.

„Одлуката, со која и се дава оваа прилика, не е донесена врз основа на полот, туку на заслуга“, вели Алмаин во својот коментар во весникот.

Џабарти досега работела како заменик главен и одговорен уредник во Сауди Газет.