Прва светска поетска конференција „100 илјади поети за промена“

Првата светска поетска конференција „100 илјади поети за промена (100 Thousand Poets for Change)“ од денеска до 8 јуни ќе се оджува во Салерно, Италија. На настанот ќе учествуваат околу 200 организатори на оваа манифестација од цел свет, меѓу кои и Митко Гогов, организатор на овој фестивал во Струмица, кој на крајот на септември ќе одбележи пет години постоење.

На конференцијата ќе се разговара за идните планови на ова глобално движење, а поети, писатели, уметници и хуманитарци преку поезија и перформанси ќе покажат како во своите заедници одлучуваат за својата специфична област на фокус за промена во рамките на целокупната програма за мир и одржливост.

 

 

Поети, писатели, уметници и хуманитарци ќе бидат таму да создаваат поезија, перформанси, да се едуцираат меѓусебно и да покажат како во своите индивидуалните заедници одлучуваат за својата специфична област на фокус за промена во рамките на целокупната програма за мир и одржливост. Сите оние кои ќе учествуваат се надеваат дека преку своите активности и настани, ја искористиле можноста да ги мапираат локалните, но и глобалните проблеми, како и да направат пренасочување на политичкиот и социјален дијалог и да го свртат наративот на цивилизација за потребата од мир и одржливост на човечките вредности преку нивното авторско дело.

Целата документација од овој настан како и од сите поединечни досега се објавени на веб сајтот 100TPC.org, а ќе биде зачувана и архивирана од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, која го признава 100 илјади поети за промена како историски настан, односно најголемо поетско читање во историјата.

Тие ќе ја архивираат комплетната содржина на веб-сајтот 100TPC.org, како дел од нивната програма за дигитално архивирање LOCKSS.