Прва самостојна изложба на Зоран Кардула

Зоран Кардула е дипломиран Електро инжeнер кој работи како дизајнер, а сликањето му е хоби. Ова му е прва самостојна изложба на цртежи изработени во туш техника со дигитална обработка.

„Оваа техника некако го има споено графичкиот дизајн и цртањето и финалниот резултат ќе можете да го видите на оваа изложба“, вели Кардула.

Изложбата носи наслов „Egant, beautiful, Mystical” и содржи 15 дела во кои доминираат женски портрети (освен една) за кои испирацијата ја барал во стилот од 20 години од минатиот век.

Taa ќе се одржи на 6 ноември (петок), во кафе барот „Концепт 37“, со почеток од 20:30 часот и е во соработка со галеријата Анагор, Студио Кома, Дуле 99 и Публицис.

Досега, Кардула одржа изложба во Крушево на цртежи од крушевската архитектура, исто така и во Минесота, Америка со негов осврт на старите советски конструктивистички постери од 30-тите години.

Зоран Кардула, графички дизајнер кој ги разбуди сеќавањата од екс-Југославија