Прва награда за новинарките на Радио МОФ за професионално известување за бегалците

Новинарките на Радио МОФ, Емилија Петреска и Стефанија Тенекеџиева добија прва награда за професионално известување за бегалците во 2017 година во категорија напис, на конкурсот распишан од УНХЦР -Скопје, Македонското здружение на млади правници и Здружението на новинари на Македонија.

Тие освоија награда за текстот „Го испуштиле последниот воз за Европа, сега го живеат македонскиот крпен живот“ објавен на Радио МОФ. Второто место, во истата категорија, припадна на Синиша Станковиќ за неговиот текст со наслов „Осум квадрати надеж“, објавен во „Гласот на Америка“. Трета награда освои Марија Тасев за текстот „Премрзнатото момче од Авганистан неможеше ни да зборува кога го најдоа во Лојане“, објавен во „Дневник“.

Во категоријата емисија, прилог или краток документарец, добитници се:

Прва награда- Гонца Коцева- „Бегалска приказна со среќен крај“ објавена на А1 (телеканал) Струмица.
Втора награда- Хекуран Акифи- „ Мигранти во Куманово“, објавена на „Алсат ТВ“.
Трета награда- Петар Клинчарски – „Во пресрет на референдумите- која е вистината околу Стратегијата за мигранти и странци?“, објавен на „360 степени“.

– Во категоријата фотографија:

Прва награда- Ѓорѓи Личовски, – „Refugee stuck in transit centеr Tabanovce village (3)“,објавена во Epa-European press photo agency
Втора награда- Роберт Атанасовски – „Поглед“, објавена во Newsdeeply-refugees deeply.
Трета награда- Томислав Георгиев – „Mother and son“, објавена во Фокус.