Невладината организација ТАКТ, Скопје со поддршка од UN Women ја организира првата национална конференција „Жени во спорт’’. На оваа конференција ќе се разговара за предизвиците и родовите стереотипи со кои се соочуваат македонските спортистки и за родовата (не)еднаквост во спортот. Освен идентификација на предизвиците, ќе се дискутира и за креирање на национални стратегии за зголемување на бројот на жените во спортот и во спортскиот сектор.
Панелистки ќе бидат проминентни спортистки, жени на раководни функции во национални федерации, како и претставници од институции надлежни за спорт.
Директорката на Центарот за спорт, мир и општество од САД, Сара Хилер (Sarah Hillyer) ќе биде специјалната гостинка на националната конференција.
Конференцијата ќе се одржи во четврток (1 јуни), со почеток од 10 часот, а ќе трае до 15 часот во City Center Hall.
Конференцијата е поддржана од UN Women, американска амбасада во Р. Македонија, Факултетот за физичко образование, здравје и спорт и спортската компанија Di Biaggio.
Потребно е присуството да се потврди на information.takt@gmail.com