Прва меѓугранична планинска трка во Македонија

Утре, на 2-ри август, ќе се одржи првата меѓугранична планинска трка во Македонија „Shar Planina Sky Race“.

Трката во должина од 33 километри ќе започне во селото Штрпце, Република Косово, а ќе заврши во селото Старо Село, во Општина Јегуновце.

На неа ќе се натпреваруваат повеќе од 120 учесници од целиот регион. Трката ќе почне во 8:00 часот во Штрпце, а натпреварувачите ќе имаат вкупно седум часа за да ја завршат трката со вкупна висинска разлика од 2540 метри, поминувајќи низ контролните точки близу скијачкиот центар Брезовица, Пирибрег, Седло под Љуботен, и планинарскиот дом Љуботен.

Најбрзите натпреварувачи се очекува да ја поминат целната линија во Старо Село околу 12:30 часот.