Прва #Критична маса во Прилеп

Идната недела (8 јуни) за првпат во Прилеп се организира Критичната маса, а  група велосипедисти заедно ќе возат по улиците од градот за да покажат дека возењето е право, а не привилегија.

Прва #Критична маса во Прилеп

Зборно место е  Споменикот Александар Македонски, а стартот е закажан во 17.30 часот. Ќе се вози по следната РУТА.

 

Прва #Критична маса во Прилеп(1)

-На автомобилите не им требаат дозволи за да возат на улиците, не би требало ни за велосипедите. Сите сме одговорни да ја направиме Критична маса онаква каква што сакаме да биде. Очекувајте да возите побавно од вообичаено, бидејќи инклузивниот карактер на Критична маса повикува велосипедисти од сите возрасти, различно ниво на умешност на управување со точак и различни типови точаци.

Секогаш бидете внимателни и немојте да заборавите дека се вози по фреквентни сообраќајници. Има многу неискусни велосипедисти во возењата и мора сите заедно да внимаваме на нашата безбедност.

Имајте почит кон сите во заедницата. Немојте да се двоумите да им кажете на другите учесници што мислите за нивното однесување, без разлика дали е добро или лошо.

Разговарајте помеѓу вас. Заедно да се потрудиме да ја направиме Критична маса подобра и побројна, посочуваат организаторите.

Критичната маса во Скопје пред неколку дена го прослави својот втор роденден. Овде велосипедистите се собираат секоја последна среда во месецот. Критичната маса редовно се организира и во Тетово.