Прва библиотека на плажа во Дојран

Во среда (15 јули) започнува со работа првата библиотека на плажа во Дојран за книжевно уживање за сите љубители на пишаниот збор.

Како што најавуваат од општината, сите посетители во Дојран ќе можат бесплатно да земат и читаат некоја од книгите во оваа библиотека.

,,Бездомникот со златен часовник”, ,,Рингишпил”, ,,Сеќавање на љубовта”, ,,Шепнувачот”, ,,Кругот на животот”, ,,Полноќна роза”, се дел од насловите кои ќе можат да се најдат на рафтовите на првата библиотеката на дојранската плажа.