Прва академска конференција за Kraftwerk во Бирмингем

Првата академска конференција на која ќе се зборува за германските пионери на електронската музика Kraftwer ќе се одржи во Велика Британија на 20 и 21 јануари. Настанот е наречен „Индустриската музика за широката публика во 21 век: Kraftwer и раѓањето на електронската музика во Германија, кој ќе се одржи на универзитетот Астон во Бирмингем.

На конференцијата ќе се дискутираат голем број на текстови кои се напишани од музички експерти и есеи. Воедно, поранешниот член на групата, Wolfgang Flur, ќе чита извадоци од неговите мемоари „Kraftwerk: Јас бев робот“ и ќе разговара со присутните.

Организаторите очекуваат за време на конференцијата да се истражат повеќе области и многу мислења да бидат дискутирани.

Kraftwer заедно со групата The Beatles ќе добие награда за животно дело на овогодинешните Греми награди на 26 јануари во Лос Анџелес.