Прв поштенски маратон во Прилеп

Првиот поштенски маратон е манифестација која има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот. Идејата на овој маратон е тој да биде традиционален и неговото одржување да биде во различни градови низ светот.

„Поштарите, како симбол на постојано движење низ улиците низ целиот свет, завземаат централно место во идејата на самиот маратон, прикажани преку учесниците на овој настан“, велат организаторите.

Маратон ќе се одржи на 1-ви ноември во Прилеп, а генерален покровител на настанот е Македонска пошта АД. Самата програма е оформена да ги вклучува сите возрасти и во неа да можат да се вклучат сите рекреативци:

-Маратонска трка

-Полу маратонска трка

-Забавна трка oд 5 км.

-Детска трка од 1км.

За сите натпреварувачи од Скопје обезбеден е бесплатен превоз. Регистрацијата е на веб страната: www.postalmarathon.com, а сите останати информации се достапни и на Facebook страницата.