Прв пат после катастрофата, накитена елка во Чернобил

Прв пат од 1986 година, во чернобилскиот град на духови Припјат е накитена елка. Наместо вообичаени новогодишни украси, елката е накитена со фотографии од семејни албуми.

„Животот се враќа во Припјат. Ова станува необично, нестандардно туристичко место“, вели Јарослав Јeмелјаненко, член на Советот на Агенцијата за управување со зоната.

Додава дека некогашниот напуштен град секојдневно го посетуваат туристи од целиот свет.

За да се зачува ова уникатно место, потребно е да се добие статус на споменик од национално значење и статус на списокот на наследство на УНЕСКО, додава Јeмелјаненко.

Организаторите на акцијата велат дека главната цел е да се фокусираат на процесот на претворање на областа во музеј и зачувување на објектите.

Бројот на туристи во оваа област значително се зголеми во последните години, особено поради серијата „Чернобил“ што се емитуваше годинава.