Прв ЕNGAGE за 2016 година, во сабота во Кино Култура

Младински образовен форум и Радио МОФ го најавуваат петтото издание на ЕNGAGE – конференцијата за друштвен активизам. Годинава конференцијата ќе биде одржана во текот на неколку денови, во различни месеци.

Како загревање, првиот ENGAGE за 2016 година е закажан на 23 април (сабота) со почеток во 12:00 часот, во Кино Култура во Скопје. На конференцијата домашни и странски активисти, креатори на онлајн и граѓански иницијативи, дизајнери и ИТ-експерти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, човекови права, проток на информации, како и за можностите за граѓанска мобилизација преку интернет.

Како говорници на ова издание на ENGAGE доаѓаат:

Ленче Ристоска, портпаролка на Специјалното јавно обвинителство

Valerio Muscella, фотограф, репортер, активист (www.valeriomuscella.com), Италија

Peter Vanhoutte, поранешен член на Белгискиот парламент, писател (twitter.com/peter_vanhoutte) , Белгија

Irem Somer, политиколог, активист за човекови права, Турција

Милан Диневски и Дамјан Кокалевски, архитекти, основачи на City Creative Network (http://www.citycreative.net), Македонија

Ретвитни оброк, граѓанска самоодржлива иницијатива за хумани цели

Тамара Димитрова, член на работниот тим на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информациски технологии при МАНУ, кој го изработи бројачот на јавниот долг на РМ  (csit.manu.edu.mk)

Христена Антовска Јованчева од граѓанска иницијатива „Го сакам Аеродром“ и Ленче Данаиловска и Невена Георгиевска од граѓанска иницијатива „Ние сме Карпош 4”

Дневниот дел од ENGAGE 2016 ќе заврши со проекција на филмот „4Stelle Hotel” – документарен филм на Paolo Palermo и Valerio Muscella.  Во декември 2012 година, активисти од познатото движење за станбени права Blocchi Precari Metropolitani  и 200 семејства мигранти окупираа  еден напуштен луксузен хотел на периферијата на Рим со заедничка цел – создавање на услови за подостоинствен живот за луѓето без домови. „4Stelle Hotel претставува единствен социјален експеримент, кој го покажува шарениот секојдневен живот на место на кое повеќе од  500 луѓе од 20 различни националности и религии создаваат свои правила за соживот.

Вечерниот настан ЕNGAGE the Night ќе започне во 21:30 часот, со концерт на RIB, бендот што првпат по својата промоција на деби-албумот ќе се претстави пред  скопската публика. По нивниот настап, ќе следи диџеј сет на Бодан Јамакоски.

Регистрацијата ќе биде отворена на engage.mk/registracija, а можност за учество ќе имаат првите 200 пријавени учесници за конференцијата.

ЕNGAGE е поддржана од National Endowment for Democracy, Фондација Отворено општество Македонија и Проект на УСАИД за граѓанско општество, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Сите информации за ENGAGE можете да ги најдете на engage.mk .