Прв BRONX во Скопје и концертна промоција на новиот албум на „Токсиколози”

Првиот BRONX 1.01 концерт во Скопје ќе се одржи на 28 април во МКЦ Скопје за кога е најавена концертна промоција на албумот „Пушти глас” на „Токсиколози”.

„Токсиколози“ се хип-хоп групација составена од македонските рапери Сиги, Кацар и Џоле кои функционираат заедно под логото на „Токсикологија“.

На  BRONX 1.01 ќе настапат: Токсиколози, Тони Зен, Тихомир Јакимовски – Туте, ДЈ Чваре, ДЈ К-105, ДЈ Дрази Драгс, Anomalija Nativa, Metaphorce, Zee Bomb, Lirikoven Piroman.

Како „потомок” на џезот и блузот, хип-хоп и рап културата се формираат во 70-тите години, времиња кога Бронкс станува центар за ваков тип на забави, особено популарни за Афроамериканците.  Две децении подоцна, хип-хоп и рап музиката стануваат најпродаван музички жанр во САД.