Прв балкански фестивал на анимирани gif-ови

Прв балкански фестивал на gif-овиПрвиот регионален фестивал на анимирани фотографии во .gif формат, со назив „ГИФЕСТ“ ќе се одржи годинава во српскиот град Суботица. Целта, според организаторите е да се соберат на едно место авторите кои се занимаваат со оваа визуелна форма и да им даде можност да ги претстават своите дела.

Анимираниот GIF е совршена мала форма која нуди можност за искажување на креативни идеи, од апстракни до ангажирани. Со своите особини, оваа форма дозволува брз и ефектен пренос на идеите низ визуелно доживување.

Организаторите ги повикуваат сите креативни личности да се пријават за првиот регионален „Гифест“, а рокот за испраќање на е 15 мај.

Технички услови: 640х480 pix, резолуција 72dpi, секој gif мора да се состои од најмалку два фрејма.

Не постојат услови поврзани со содржината, темата и форматот на gif-овите. Секој автор може да испрати најмногу пет свои авторски дела. Учеството на фестивалот е бесплатно и отворено за сите. Пријавите мораат да содржат исклучиво авторски дела на испраќачот. Учесниците се согласуваат нивните дела да бидат објавени на веб-страницата на фестивалот и на Фејсбук.

Заедно со gif-овите, во апликациите се потребни името на делото, име и презиме на авторот, занимање и година на раѓање, како и контакт-телефон и е-маил. Пријавите и делата се испраќаат на contest@gifest.com. За сите дополнителни информации, отворена е адресата info@gifest.com.