Противничка на Ердоган осудена на 9 години затвор поради твитови

Предводничката на опозициската партија „Републиканска народна партија“ (CHP) во Истанбул, Канан Кафтанчиоглу, осудена е на девет години затвор поради криминал, вклучувајќи и навреди кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува „Еуроњуз“.

Во обвинението против неа се наведуваат неколку твитови кои таа ги споделила во периодот од 2012 до 2017 година.

Кафтанчиоглу е осудена за неколку кривични дела што вклучуваат навреда на претседателот и ширење терористичка пропаганда.

Ова доаѓа неколку месеци откако CHP водеше остра борба со партијата на Ердоган околу градоначалничкото место во Истанбул.

Кандидатот на „Партија на правдата и развојот“ (AKP) тесно ја загуби трката за градоначалник на Истанбул на изборите кои се одржаа во март, a избирачкиот одбор потоа го поништи резултатот.

Потоа, на изборите кои се одржаа во јуни победи кандидатот на CHP, Екрем Имамоглу, со поголема разлика од 54% наспроти 45%.