Протестот на просветните работници во Србија помина без договор

Членови на Здружението на синдикати на наставници во Србија и Синдикатот на просветни работници во Србија, вчера протестираа во Белград. Министерот за образование Срѓан Вербиќ им се обрати на наставниците дека поради ангажманот во ММФ не може да се постигне договор, пишува РТС.

Лидерите на двата синдиката кои се дел од штрајкот и министерот Врбиќ не постигнаа договор за барањата на наставниците. Поради тоа, наставниците најавија дека ќе продолжи штрајкот во училиштата.

Вербиќ на средбата со претседателот на Унијата на синдикатите Драган Матијевиќ и заменик-претседателот на Синдикатот на просветните работници Милорад Антиќ, рече дека не може да им одговори на наставниците кои од него бараат подобра финансиска состојба поради својот ангажман во ММФ.

„Владата не може да го вети тоа поради ангажманот со ММФ и Министерството за образование нема пари во буџетот“, рече Вербиќ и нагласи дека нема овластување да потпише такво нешто.

Матијевиќ и Антиќ повторно побараа гаранција и прецизни датуми за тоа кога и како Владата ќе исплаќа плата.

Синдикалните водачи жалат поради инцидентот во кој претходно беше полиен со вода министерот Врбиќ. Тој се појави во паркот Мањеж, кој се наоѓа од спротивната страна на Министерството за да ги повика претставниците на синдикатите на разговор.

Тие го замолиле министерот да се качи на сцената и да разговара со наставниците, но министерот заминал во зградата на Министерството. Во тој момент, некој од наставниците го испрскал со вода министерот по што, останатите повикале на достоинство и мир.

Просветните работници извикуваа „Уа, крадци“ поминувајќи покрај зградата на српската влада и носеа транспаренти „Разочарани, гладни и предадени од Србија“, „Уривање на образованието-Србија без иднина“.

Пред почетокот на протестот во Белград, претставници од двете здруженија оставиле кутија со барањата на наставниците во канцелариите на Народното собрание на сите политички групи и Одборот за образование.

Наставниците веќе четири месеци штрајкуваат почнувајќи од 17 ноември минатата година со скратени часови на 30 минути.  Другите два синдиката, Синдикатот за образование на Србија и Синдикатот „Независност“ претходно потпишаа согласност и крај на штрајк.