Протестот на хонорарците заврши пред влезот на УКИМ

Протестот на хонорарците заврши пред влезот на УКИМ, а поради безбедноста на студентите кои најавија дека се загрижени од присуството на полицијата на факултетот.

По завршувањето на протестот, без транспаренти, дел присутните влегоа на УКИМ да им дадат поддршка на студентите. Студентите, пак, на хонорарците им порачаа да останат истрајни и упорни во својата борба.

1

Ова е втор протест поради законските измени со кои од први јануари се воведе плаќање придонеси за хонорарите.

Барањата на потписниците на Повелбата за солидарност се: повлекување на законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, засилени инспекции на Инспекторатот за труд за да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос и повишување/укинување на највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата, која сега изнесува 6 просечни плати.

Со последните законски измени, хонорарците кои се во работен однос ќе плаќаат придонеси само на сумите кои се повисоки од просечната плата (21.300 денари), додека невработените ќе плаќаат придонеси на разликата меѓу хонорарот и  минималната плата (9.590 денари).