Протестни ноти за чист воздух во Железара

Музика, изложба на цртежи од најмалите ,STAND UP и многу забава за сите возрасти се најавуваат во рамки на протестниот настан која во вторник во 19 часот ќе се одржи во Паркот на Скулптурата во Автокоманда.

Протестни ноти за чист воздух

Настанот ќе се одржи под наслов ,,Протестни ноти за чист воздух“ и ќе претставува форма на мирен протест со кој жителите од населбите загрозени од штетните емисии од Скопската Железарница ќе го искажат своето незадоволство.

„Почестете не со вашето присуство и помогнете ни да ја кренеме свеста кај населението за големината на проблемот со загадениот воздух во Скопје! Вашата поддршка за нас е од огромно значење!Да се бориме заедно против загадувањето…да ја кренеме свеста и да создадеме почиста животна средина.Во паркчето пред средното училиште Панче Арсовски ве чекаме со кебенца за седење“, се наведува во поканата за настанот.