Протестите во Романија продолжуваат и покрај повлекувањето на уредбата за корупција

Околу половина милион Романци продолжија да протестираат против Владата, а многумина побараа колективна оставка, иако ја повлекоа легислативата за корупција која предизвика гнев во јавноста.

Премиерот Сорин Гриндеану не го промени својот став, велејќи дека неговата влада, која е формирана пред само еден месец, „има одговорност кон луѓето кои гласале за неа“, и дека нема да даде отказ.

Последните седум ноќи поминаа во огромни и гласни протести во градовите низ земјата, а се најголем излив ја гнев на јавноста откако беше симнат од власт комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску во 1989 година.

Причината за протестите е итен декрет кој Владата го усвои минатиот вторник, со која се ублажуваат антикорупциските мерки во втората најсиромашна држава во Европската унија.

Во неделата, кабинетот на Гриндеану го повлече декретот, но не успеа да ги смири протестантите, кои ја поминаа и таа ноќ на улиците скандирајќи: „Оставка! Оставка“.

„Тие се корумпирани. Бараме правда! Владата сигурно повторно ќе проба да направи нешто со декретот“, вели Ема (24), една од околу 200 до 300 илјади луѓе кои се собрале на Плоштадот на победата во централен Букурешт.

„Тие се лажговци и лоши луѓе“, додава нејзината пријателка Никол. „Владата мора да падне. Ќе доаѓаме тука ако треба и секоја ноќ“.