Како последни странски говорници на Engage Конференцијата за социјален активизам, МОФ и Радио МОФ ги најавуваат Михаи Политеану (Иницијатива Романија) и Ана Биалас (Change.org).
Михаи Политеану е ко-основач и извршен директор на Иницијатива Романија (Inițiativa România- IR), критичко движење кое промовира слобода, владеење на правото, интегритет, солидарност, отчетност и транспарентност. IR е успешна приказна за градење на заедницата, родена на 1 ноември 2015, за време на уличните протести предизвикани од трагичниот настан во Колектив Клуб, кога 64 луѓе починаа поради лошите противпожарни регулативи и нивното применување, поради корупција.
Политеану е дипломец на филозофија на Универзитетот на Букурешт и на Централниот Европски Универзитет (магистер на студии на национализам). Во 2003 година, работел во службата за комуникации во Романското Академско Општество. Во 2005 година, станал советник на министерката за правда, Моника Маковеи. Почнувајќи од 2007 година, Михаи бил проектен менаџер на фондацијата Фридом Хаус, за антикорупциските проекти. Меѓу 2009 и 2015 година, работел како парламентарен асистент за романскиот член во Европскиот парламент.
Ана Биалас е дел од Change.org – најголемата петициска платформа на светот со повеќе од 180 милиони корисници, којашто се залага да застапува било кој и било каде на светот за да допринесе до неопходните промени. Change.org функционира преку започнување, потпишување и споделување на петиции за проблеми релевантни за луѓето кои се засегнати од истите.
Ана работи како учесничка на кампањи во Русија и EECA и го споделува своето искуство стекнато во кампањите со преку 13 милиони корисници на change.org од регионот. Таа секојдневно им помага на корисниците кои започнуваат со кампањи преку консултации, помагајќи им во изградбата на стратегија и во тоа како да мобилизираат потписници со цел да победи нивната кампања.
Биалас е инаку активистка и учесничка во кампањи од Полска чиишто интереси се насочени кон Русија, Белорусија и земјите од источно-европскиот регион. Четири години работела како асистент на полскиот член на европскиот парламент и била одговорна за мониторинг на состојбата на човековите права во Белорусија и Русија. Менаџирала бројни проекти за човекови права, вклучувајќи и кампањи за солидарност со белоруските политички затвореници, но и организирала конференции, филмски проекции и други настани кои се однесуваат на проблемот со прекршувањето на човековите права во регионот.
Уште еден домашен говорник е и Емилија Митреска, која ќе зборува за иницијативата „Едно капаче – една надеж” хуманитарно-еколошка акција под водство на ММСА – Македонска Медицинска Студентска Асоцијација, чија главна и единствена цел е да се соберат што повеќе пластични капачиња. Капачињата ги откупува отпад за пластика и се рециклираат, а со средствата од исплатата се купува инвалидска количка која ја донираме на семејство кое има потреба од неа, а не може финансиски самостојно да ја обезбеди. Акцијата се одвива во соработка со волонтери- поединци или фирми, училишта, градинки, угостителски објекти кои поставуваат означени пунктови за складирање на капачињата.