Протестите ескалираат – оган и крв низ улиците на Киев

Најмалку две лица се убиени во немирите во центарот на Киев, главниот град на Украина кога се судрија полицијата и демонстрантите, јавуваат светските медиуми. Демонстрациите во градот започнаа уште во ноември како реакција на владиното одбивање за приближување кон ЕУ и свртување кон Москва.

Протестите ескалираат - оган и крв низ улиците на Киев

Разгорувањето на протестите започна по стапувањето на сила на владиниот закон пред неколку дена, со кој пак се воведоа строги казнени мерки за сите кои ќе излезат на антивладини протести.

Протестите ескалираат - оган и крв низ улиците на Киев

Украинскиот претседател Виктор Јанукович седна на иста маса со тројцата водечки лидери на опозицијата Виталиј Кличко, Арсениј Јаценјук и Олег Тјагнибоки и со членовите на работната група за , како што беше објавено, надминување на политичката криза во земјата.

Сепак ситуацијата во Киев не се смирува. Незадовоните демонстранти од утрово се речиси во постојани судири со полицијата кои ескалираа откако Јавно обвинителство потврди дека во протестите загинале три лица, а полицијата за првпат употреби оклопни возила при разбивање на антивладините собири во главниот град.

Целата ситуација во Киев, светот ја следи во живо:

На немирите во Украина остро реагираше Европската унија која не ја исклучи можноста да воведе санкции кон земјата доколку ситуацијата не се смири.

Според претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, Унијата е шокирана од смртните случаи и осудувајќи ја употребата на сила, повика сите страни итно да го прекинат насилството.

Во посебна изјава за ситуацијата во Украина, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон категорично ја осуди ескалацијата на насилството.

Русија пак ги обвини ЕУ и САД за „надворешно мешање“ во внатрешните работи на Украина.

„Екстермистичкиот дел од опозицијата грубо го крши уставот на земјата“, истакна рускиот шеф на дипломатијата Григори Карашин за Интерфакс.