„Протестирам“ во 14 градови и со фокус на убиството на Мартин Нешкоски

Протестите не стивнуваат, за денеска се најавени собири во 14 градови. Во Скопје, протестот и денеска ќе започне во 18 часот, пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Граѓаните на Шарената револуција и неформалното движење #Протестирам ќе потсетат на починатиот Мартин Нешковски, кој пред пет години беше убиен на плоштад „Македонија“, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговото убиство, тогаш предизвика силен револт кај граѓаните, што резултираше со протести во повеќе градови. Минатата година, неговиот случај беше повторно актуелен преку опозициските бомби , според кои, највисоките структури на владејачката партија се обиделе да го сокријат убиството на Нешкоски. Луѓето повторно излегоа на протести кои започнаа со судир помеѓу демонстрантите и полицијата, упад во библиотеката „Браќа Миладиновци“ и неколку приведени. Случајот за Нешкоски го презеде и Специјалното јавно обвинителство, а осудениот за убиството на Мартин, Игор Спасов веќе беше на распит.

„Денес е 5 мај! Денес е една година откако слушнавме како Груевски, Јанкулоска, Мијалков и нивните соработници се обидоа да скријат убиство! Денес е една година откако полицијата насилно влезе и удри по студентите во библиотеките! Денес е 5 мај! Тие се на слобода, но ние сме на нозе!“, велат од #Протестирам.

Барањата, сепак, остануваат исти – оставка на Претседателот Ѓорге Иванов, повлекување на аболицијата и одложување на изборите закажани за 5 јуни.

Во посебна герила акција битолчани денеска го потсетија својот градоначалник Владимир Талески на овие барања. За време на неговата прес-конференција, кој се одржа на магистралниот пат Битола -Ресен, се појавија активисти на „Битолското движење“ со транспарент „Честито аболиција“ и „дожд“ од специјално изработени банкноти со неговиот лик.

Претходно, во Скопје во црвено беше обоена водата во неколку новоизградени фонтани, како потсетување на немилиот настан.

Во продолжение, целата листа од градовите во кои ќе се протестира, часот и местото од каде ќе започнат:

– Делчево, 16:00, кај белата фонтана во Градски парк –https://www.facebook.com/events/275361732803226/;
– Скопје, 18:00, СЈО –https://www.facebook.com/events/642170145933684/;
– Охрид, 18:00, кај Чинарон –https://www.facebook.com/events/1169785563034438/;
– Кочани, 18:00, во Градски парк –https://www.facebook.com/events/1020836844677449/;
– Крива Паланка, 18:00, пред пицерија Елит;
– Ресен, 18:00, кај хотел Китка –https://www.facebook.com/events/231060473933802/;
– Градско, 18:00 – https://www.facebook.com/events/256694874685289/;
– Карбинци, 18:00 –https://www.facebook.com/events/1298525076843531/;
– Куманово, 18:30, пред Основниот суд во Куманово –https://www.facebook.com/events/238187256539583/;
– Радовиш, 19:00, плоштад Свети Спасо Радовишки –https://www.facebook.com/events/1021602587927481/;
– Прилеп, 19:00, кај Камената бина –https://www.facebook.com/events/239919226369052/;
– Струмица, 19:00, кај Старата полиција –https://www.facebook.com/events/1012683858786292/;
– Битола, 19:00, плоштад Магнолија –https://www.facebook.com/events/534767270035869/;
– Гевгелија, 19:30, пред Пензионерскиот дом –https://www.facebook.com/events/1681657718718616/.