Протестирам: Од 5 мај до краj, ова ќе биде пеколно лето

Нов протест е најавен и денеска во Скопје, во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство. Од неформалното движење Протестирам потсетуваат дека едно барање е исполнето, но остануваат уште седум. Протестите продолжуваат и денеска во 13 градови низ земјава.

„По повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, стигнавме до работ. Оваа криза со преговори не се решава, затоа што со криминалци не се преговара. Оваа криза се решава само и исклучиво на улица!  Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето“, порачуваат од движењето.

Денеска протести се најавени во Струга,  Штип,  Берово,  Ресен,  Струмица,  Прилеп,  Битола, Гостивар, Радовиш, Куманово, Валандово и Гевгелија.