#Протестирам денеска: „Собрание, прибери се!“

И за денес во 18:00 часот е закажан протестен собир на движењето #Протестирам – граѓаните повторно ќе се соберат пред зградата во која се наоѓа Специјалното јавно обвинителство, за да искажат поддршка за неговата работа, а потоа ќе се упатат пред Собранието.

„Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, брзите прсти на пратениците послушници го изигнорираа и го распуштија Собранието. Ќе ве „поздравиме“ денес да ве потсетиме дека треба да си го расчистите ѓубрето што го оставивте со вашата неодговорност.

#Протестирам затоа што не не слушате нас кои ве плаќаме туку лидерот што ќе ви каже. #Протестирам затоа што не размислувате со своја глава. #Протестирам затоа што немаше услови ни да се опуштите, а вие се распуштивте.

Ќе бидеме на улица се додека не се исполнат нашите барања!

Ќе има правда, ќе има мир!“, се вели во најавата на вечерашниот протест.