Протестирам денеска на улица против социјалната неправда и лошите политики за вработување

Социјалната неправда и лошите политики за вработување се во гокусот на денешниот протест во Скопје, на неформалното движење Протестирам кој почнува во 18 часот, пред СЈО.

„Протестирам против „продавањето“ на нашите работнички како робје во текстилната и кожната индустрија со најниска минамална плата. #Протестирам против лошите политики за вработување кои избркаа 600.000 граѓани, а најмногу младите, од оваа земја. #Протестирам против вештачкото намалување на невработеноста со бришење на граѓаните од листите на Агенција за вработување.

#Протестирам за правда, еднаквост, слобода! Веќе не се плашиме и не се повлекуваме“, најавуваат од Протестирам.

За денеска протести се најавени и во Штип, Делчево, Виница, Велес, Свети Николе, Струмица,  Радовиш, Прилеп, Битола, Ресен и Крушево.