Протести во Хонг Конг против законот за национална безбедност

Стотици луѓе се собраа во центарот на Хонг Конг за да изразат несогласување со нацрт законот, со кој велат дека на Пекинг на тој кинески полу-автономен регион сака да му наметне контроверзен закон за национална безбедност.

Би-Би-Си информираше дека полицијата фрлила солзавец и водени топови кон демонстрантите. Полицијата објави дека 120 луѓе се уапсени.

Претходно, полицијата ги предупредила демонстранти за нелегалноста на нивниот собир со оглед на правилото за групирање на најмногу осум лица на едно место со цел ограничување на ширењето на коронавирусот и ги повика демонстрантите да се разидат.

„Ова е почеток на крајот и времето навистина истекува за Хонг Конг и тоа е нашата причина, дури и во момент на зараза со Ковид-19. Мора да собереме сили за протести“, рече активистот Џошуа Вонг.

Во нацрт-законот за национална безбедност, според кој во Хонг Конг би се воспоставиле кинески разузнавачки агенции, Пекинг сака да го заобиколи законодавниот совет на Хонг Конг, пишува Ројтерс.

Овој документ ги зголеми стравувањата за судбината на формулата „една земја, два система“ што владее во Хонг Конг, откако британската колонија е вратена во кинеска власт во 1997 година.

Овој аранжман му гарантира на Хонг Конг широки слободи кои ги нема во континентална Кина, вклучително и слобода на печатот и независно судство.

Властите во Пекинг и Хонг Конг тврдат дека предложениот закон е потребен и нема да ѝ наштети на автономијата на Хонг Конг.

„Овие радикални барања и насилство се крајно загрижувачки“, рече шефот на администрацијата Метју Ченг, мислејќи на протестите против предложениот закон, како и на минатогодишните антивладини демонстрации што од јуни со месеци се одржуваa.

Мала група луѓе протестираа и пред канцеларијата за односи во Пекинг, извикувајќи „Законот за национална безбедност го уништува два система“.

Некои локални коментатори го опишуваат предлог-законот како „нуклеарна опција“ што е дел од планот на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во саботата, околу 200 политичари од целиот свет во соопштение изјавија дека предложениот закон е „сеопфатен напад“ врз автономијата на Хонг Конг, на владеењето на правото и основните слободи.

Кина рече дека тие поплаки се мешање во нејзините внатрешни работи и ги отфрли стравувањата дека предложениот закон може да им наштети на странските инвестиции.