Протести во Германија, активисти пробија полициски кордон кај рудникот Гарцвејлер

Стотици активисти за заштита на животната средина пробија полициски кордон и стигнаа до рудникот за јаглен Герцвејлер во Германија, објави Би-Би-Си.

Повеќе агенциите и медиумите јавуваат дека речиси 1.600 демонстранти утрото го почнале протестот против ископувањето јаглен и за порешителни мерки против борбата против климатските промени.

Демонстрантите облечени во бело влетаа накај рудникот, каде наидоа на полициски сили. Активистите под жешкото сонце се штитеа со заштини алуминиумски прекривки, над нив летаа и хеликоптери, а беа евидентирани и полицајци на коњи во обидот да ја бранат локацијата.

На протестите се најавуваа околу 2.500 демонстранти, а меѓу нив имало и млади од движењето „Fridays for future“, но и семејства и постари лица. Активистите бараат побрзи политики во однос на најавите целата економија да биде климатски неутрална до 2050 година.

Getty

Протестот го организирала групата „Времето истече“ (Ende Gelaende) која се опишува како движење на граѓанска непослушност, заложувајќи се за ограничување на глобалното загревање со постепено напуштање на фосилните горива.

Демонстрантите бараат затворање на рудникот за јаглен (лигнит), најголем во земјата, во сопственост на енергетската компанија РВЕ.

Getty

Во текот на вчерашниот ден беше најавен уште еден протест со околу 3.000 учесници.

Околу 800 демонстранти од петокот ја блокираат пругата во тој регион која се користи за транспорт на јаглен. Пругата е позната дека води и до шумата Хамбах, неколку години бранета од сеча од кампери и еко-активисти.