Протести во Брисел поради најавената посета на Трамп

Илјадници луѓе вчера се собраа во Брисел на протест организиран од организацијата „Трамп не е добредојден“.

Тие демонстрираа под слоганот „Направете го мирот повторно величествен“ (Make Peace Great Again) поради планот на американскиот претседател Доналд Трамп да го посети градот на 11 и 12 јули за време на НАТО самитот.

„Тој не е добредојден овде затоа што предвидува свет на војни, профитира од индустријата на оружје и приведува деца мигранти во кафези. Не станува збор за самиот човек, туку за неговите политики“, објаснува Изабел Ванбрабант, еден од организаторите на протестите.

„Тој е отворено против геј браковите и го блокира пристапот до еднаков третман на трансродовите лице. Всушност тој е многу доследен во своите анти-ЛГБТ говори, како и со неговите сексистички и расистички коментари“, изјавил Камил Пјер, ЛГБТ активист.

Демонстрациите ги здружија активистите од кампањите против оружјето, синдикатите, ЛГБТ здруженијата и организациите за човекови права.