Протести во Бразил поради поскапувањето на јавниот превоз

Полицијата во Сан Паоло, Бразил користеше солзавец и шок бомби да да ги растера насобраните демонстранти кои излегоа на улица револтирани од поскапувањето на јавниот превоз.

Голем број од жителите на Сао Паоло се лути поради зголемувањето на цените на јавниот превоз, со инфлација во Бразил која е повисока од 10 проценти. Повеќе од 1,5 милиони Бразилци останаа без работа минатата година кога најголема економија во Латинска Америка потона во најлошата рецесија во последните 25 години, јавуваат светските медиуми.

Последните протести ги потсетија Бразилците на случувањата од 2013 година, кога на улица излегоа стотици илјадници демонстранти гневни на поскапувањето на автобуските карти, во време големи јавните расходи за Светскиот првенство куп на ФИФА.

Протести во Бразил

Најновите демонстрации дојдоа откако лево-ориентирананата претседателка Дилма Русеф, чија популарност е уништена поради рецесијата и за која има истрага за анти-корупција, се соочува со импичмент во Конгресот. Политичките аналитичари сметаат дека расположението на улиците може да одигра важна улога во одредувањето на исходот од постапката за импичмент.