Протести со молотови коктели и солзавец во Атина поради новиот закон за протестирање

Насилство избило на масовните протести во Атина против новиот предлог закон кој ќе ги спречува јавните протести. Група на демостранти фрлала со молотови коктели пред Собранието, додека полицијата употребила солзавец и флеш-бомби.

Полицијата соопштила дека уапсени се девет лица и дека 15 други се останати на испрашување. Демонстрациите во Атина, но и во  други грчки градови и општини се случуваат како одговор на плановите кои ги кова десничарската влада со новиот закон за протести, кој бил усвоен со 187 гласа „за“ и 101 глас „против“.

Повеќе од 10,000 граѓани се собрале во центарот на Атина, повеќето од нив поддржувајќи ја унијата на Грчката комунистичка партија.

Одделна група од неколку дузини млади луѓе учествувале во насилството кое одвратило многу протестирачи, како семејства со деца, кои се обидувале да избегаат помеѓу облаците од солзавец.

Премиерот Киријакос Мицотакис, кој веќе една година ја води конзервативната влада истакнал дека има за цел да ги забрани  протестните собири кои го спречуваат сообраќајот и ја стопираат комерцијалната активност.

„Правото да се протестира со малигрупирања мора да се заштити, но тоа мора да се одвива на начин кој нема да ги стопира активностите на целиот град“, истакнал Мицотакис во Парламентот за време на вториот ден од дебатата.

Критичари на предложената реформа се Атинската адвокатска комора и комитетот на самиот парламент кој  ги прегледува предлог законите. Двете страни нагласиле дека правно проблематични се плановите да се гонат демонстрантите кои присуствуваат на ненамерни протести, како и да се повикуваат организаторите на одговорност за секоја штета предизвикана од насилство.

Владата соопштила дека додала неколку дообјаснувања за ваквите нејаснотии во предлог законот.

Лидерот на опозицијата, Алексис Ципрас, кој беше премиер во периодот од 2015 до 2019 година, ја обвинил Владата за мерките кои дозволуваат голем полициски надзор.

Тој предвидел дека рецесијата која се јави како резултат на пандемијата, ќе доведе до големи есенски работнички протести.

„Се плашите од она што следува – реакцијата на општеството, лутината на општеството – и затоа се подготвувате да не репресирате“, истакнал Ципрас во Парламентот.

Оваа година, во Грција се очекува голема рецесија поради пандемијата, во која државата изгуби 3% од годишниот буџет според проекциите на Европската Унија.

Извор: Euronews